Искрена благодарност до компанијата Valtech MK и нивните хумани вработени кои постојано ни се голема поддршка. Овој пат, по повод Велигденските празници, тие донираа 115,5 килограми храна, спакувани со љубов и грижа за оние на кои им е најпотребно. 



Овие пакети веќе се распределени на социјално загрозени семејства, со надеж дека барем малку ќе придонесат празничната трпеза да биде побогата, а срцата – полни. 






Валтек, ви благодариме што ја ширите светлината на празниците онаму каде што најмногу треба.