
На барање од ЈУМЦСР Скопје, најдовме начин како да сместиме бездомник во дел од барака во УСЈЕ, каде што плаќаме кирија. Лицето сака да направи промена во животот и отпочна да работи повремено.

Второто лице беше потенцијална бездомничка, каде после лекувањето, можеше да остане на улица. На барање од здравствената институција, ја вдомивме и и плаќаме кирија. Таа се потруди и за два дена најде работа.
Во следниот период ќе ја следиме ситуацијата и на двете вдомени лица, ќе им дадеме соодветна поддршка се додека не застанат на свои нозе.

Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.