Поднесени барања за ГМП и ГДД

31 Јул 2025 | Останати редовни активности

Изминатиов период нашата правничка поднесе барања за гарантирана минимална помош (ГМП) и гарантиран детски додаток (ГДД) за неколку кориснички од населбата Момин Поток, кои живеат во субстандардни услови.
Воедно изврши и проверка на статусот на веќе поднесени барања во Центарот за социјални работи Карпош, со цел, ниту една жена да не остане без поддршката која законски ѝ следува.
💛 Продолжуваме секојдневно да се бориме за социјална правда и еднакви можности за сите.
Преку проектот ComHome застапуваме потреба од систем кој нема да исклучува и започнување на стратешка и системска акција за препознавање, спречување и справување со бездомништвото.
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.