Љубезност имаше чест да биде дел од презентирањето на активности и резултати од проектите поддржани од Австриското Министерство за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачи.
На настанот ги претставивме постигнувањата и предизвиците во спроведувањето на проектот „ComHome“, кој има за цел да обезбеди подобра поддршка и видливост на бездомниците и социјално загрозените семејства и поединци.
Ја изразивме потребата да се институционализираат нашите напори за справување со бездомништвото и да се обезбеди системска поддршка за континуирано спроведување на активностите и по завршувањето на проектот.
