🍲 СЕДМИЧЕН ОБРОК – 06.06.2026
И претходната сабота продолживме со нашата редовна акција за поддршка на лицата без дом.
Од Љубезност, беа поделени вкупно 212 топли оброци, како и 50 лебови, донирани од Жито Лукс.
Секој оброк е повеќе од храна – тоа е порака дека некој мисли на нив, дека не се заборавени и дека солидарноста сè уште постои.
Голема благодарност до сите волонтери, донатори и поддржувачи кои придонесоа оваа акција успешно да се реализира. Заедно покажуваме дека малите дела на љубезност можат да направат голема разлика во нечиј ден. ❤️
#Љубезност #СедмиченОброк #Солидарност #Поддршка #ЗаедноМожемеПовеќе

