Делење на училишни ранци

2 Сеп 2026 | Останати редовни активности, Поддршка на семејства

#ПолнРанец – продолжуваме!

 

Акцијата за поделба на училишни ранци и прибор започна на 21.08.2026 година, а до денес успеавме да поделиме 100 ранци на деца од ранливи категории.

 

Голема благодарност до Open GI, Nextsense, како и до сите граѓани поединци кои се вклучија и помогнаа акцијата да стигне до повеќе деца.

 

Секој дониран ранец, тетратка, боичка или училишен прибор значи уште едно дете подготвено за новата учебна година.

 

Заедно да наполниме уште многу ранци!