🧵 Повторно кон својот занает – нов почеток во ДРЕНАК
Нашиот корисник А.И., кој по период на бездомништво е вдомен со поддршка на „Љубезност“, во еден поубав период од својот живот работел како шнајдер. Тоа е занает што го знае, го сака и кој денес повторно може да стане дел од неговата самостојност.
Затоа решивме да му помогнеме да се врати на она што најдобро го знае. ❤️
Му обезбедуваме машина за шиење и простор во Центарот за социјална инклузија ДРЕНАК, каде што ќе може постепено да се приспособи, повторно да почне да работи и да ги врати вештините што некогаш биле дел од неговото секојдневие.
Радоста и возбудата кај А.И. се огромни. За него ова не е само машина за шиење – ова е можност повторно да создава, да биде активен, да заработува и чекор по чекор да ја гради својата независност.
Веруваме дека вистинската поддршка не завршува со обезбедување покрив над глава. Вдомувањето е почеток, а следниот чекор е човекот повторно да добие можност да ги користи своите способности, да работи и да верува во себе.
Понекогаш за нов почеток е потребна само една можност. Наша задача е да помогнеме таа можност да се појави. 🌱
Активноста се реализира во Центарот за социјална инклузија ДРЕНАК, во рамки на проектот ComHome, со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за труд, социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија (BMASGPK)


