Храната не се фрла

6 Окт 2026 | Останати редовни активности

Храната не се фрла – отпад се прави.

 

Храната која е безбедна за консумирање и може навремено да биде преземена од организирани настани, конференции и други активности, може да стигне до луѓето на кои им е најпотребна. Сè повеќе меѓународни организации нè контактираат и ја препознаваат можноста храната да биде донирана преку „Љубезност“, наместо непотребно да се создаваат дополнителни количини отпад.

 

Голема благодарност до GIZ North Macedonia што во рамки на два последователни настани ни донираше храна која нашиот тим ја презеде навремено и веднаш ја распредели до бездомни лица во Скопје. Со вакви одговорни практики, храната добива вистинска вредност таму каде што е најпотребна, а притоа не се генерираат дополнителни количини отпад.

 

Посебна благодарност и до CMX Solutions, чија континуирана поддршка придонесува за покривање на трошоците поврзани со реализацијата на вакви и слични активности.