NOVA International School Skopje bazar
Во петокот на 2ри октомври, имавме чест да учествуваме на Саемот на организации во меѓународното училиште NOVA International School SkopjeNOVA International School Skopje , каде им презентиравме на младите ученици со што се бави нашата организација, кои се нашите активности, и воедно како можат да се вклучат, волонтираат и помогнат на општеството и на социјално загрозените лица.
Целта на програмата е да се поттикнат учениците да излезат од својата комфорна зона, да се вклучат во општествено-одговорни активности и да иницираат и реализираат проекти кои би имале позитивно влијание врз општеството.
На учениците им беа објаснети актуелните и претстојните проекти во кои би можеле да дадат свој придонес, а воедно и беа дискутирано нови идеи за проекти кои се согласно со нивните идеи и интереси.
