„Да оставиме пример, не ѓубре“ ♻️

13 Окт 2026 | Останати редовни активности, Соработки

На 30.09.2026 година, во рамки на големата еколошка акција на Град Скопје, која се реализираше на повеќе локации низ градот, и ЗГ „Љубезност“ се одзва на повикот и даде свој придонес. Нашиот тим учествуваше во чистење на паркот Шопен во Кисела Вода, заедно со ученици од основни училишта, граѓани, волонтери и претставници на други организации. Акцијата беше дел од поширока иницијатива за почисто, поуредно и поздраво Скопје.

 

Иако нашето примарно поле на работа е социјалната заштита и поддршката на ранливите категории граѓани, веруваме дека грижата за луѓето оди заедно со грижата за средината во која живееме. Затоа ги поддржуваме и со задоволство се вклучуваме во акции кои придонесуваат за почист град, поголема еколошка свест и заедничка одговорност. Благодарност до Град Скопје за иницијативата и до сите учесници кои со својот пример покажаа дека секој придонес е важен. 💚