Отворено за бездомништвото

13 Окт 2026 | Останати редовни активности

Отворено за бездомништвото – кога науката, практиката и личното искуство се среќаваат

 

Во организација на @Универзитет Трето доба, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ се одржа панел-дискусијата „Отворено за бездомништвото“, на која темата беше разгледана од повеќе различни перспективи.

Проф. д-р Светлана Трбојевиќ зборуваше за разбивањето на митовите и прашањето кој сè може да стане бездомник,

Проф. д-р Благица Новковска за тоа колку бездомништвото во Македонија е мерливо и видливо, додека Тони Станковски, претседател на ЗГ „Љубезност“, ги сподели искуствата од непосредната работа со лицата во бездомништво.

Панелот го модерираше Проф. д-р Владимир Илиевски.

 

Особено значаен беше и вториот дел, во кој зборуваа и лица со лично искуство на бездомништво – Нино, Даут и Дејан. Токму ваквите средби овозможуваат бездомништвото да не го гледаме само преку дефиниции и статистики, туку и преку реалните животни приказни и предизвици на луѓето.

 

Благодарност до @Универзитет Трето доба за поканата и организацијата, до професорите и сите учесници за отворената дискусија, како и до @Алфа ТВ за интересот и медиумското следење на оваа важна тема. 💙