Поддршката започнува од основните потреби

13 Окт 2026 | Поддршка на семејства

🏡 Поддршката започнува од основните потреби! ❤️

 

Понекогаш, мали работи можат да направат значајна разлика во нечие секојдневие.

Здружението „Љубезност“ организираше преземање на донација од користен мебел – кревет и две фотелји од Карпош, кои беа транспортирани до дом во Долно Соње, со цел подобрување на основните услови за живеење.

 

Веруваме дека достоинственото живеење започнува со задоволување на основните животни потреби. Затоа, повремено нашата поддршка опфаќа и конкретна помош за создавање побезбедна, поудобна и похумана домашна средина.

 

🤝 Ваквите активности ги реализираме со поддршка на @CMX Solution, на кои им упатуваме искрена благодарност за континуираната поддршка и придонесот во помагањето на луѓето кои се соочуваат со социјални и економски тешкотии.

 

💚 Малите дела на солидарност создаваат големи промени во животите на луѓето.

 

#Љубезност #ЦМХСолутион #Солидарност #Донации #ДостоинственЖивот