Свежо подготвена храна

13 Окт 2026 | Поддршка на семејства

🍲❤️ Свежо подготвена храна, споделена со оние на кои им е најпотребна!

 

Благодарение на хуманоста и општествената одговорност на LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food од Скопје, обезбедена е донација на свежо подготвена храна за бездомни и други социјално загрозени лица. Храната беше веднаш преземена во соодветни хигиенски услови, транспортирана со специјализирано возило со контролирана температура и навремено поделена на лицата на кои им е потребна поддршка.

 

🙏 Голема благодарност до LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food за донацијата, довербата и покажаната солидарност! Ваквите примери на општествена одговорност потврдуваат дека со добра волја, навремена организација и заедничка грижа можеме да спречиме фрлање на квалитетна храна, а истовремено да обезбедиме оброк и достоинствена поддршка за луѓето во тешка животна состојба. Храната има најголема вредност кога се споделува! ❤️

 

#Љубезност #ЛЛКетерингЛео #ДонацијаНаХрана #Солидарност #БезбеднаХрана #ХранаЗаСите