Здружението Љубезност со дел од своите колешки се приклучи на заедничката акција на 14.10.2026 год., за чистење на Град Скопје , давајќи свој придонес кон создавање почиста, поздрава и поубава животна средина. Со нашето учество ја потврдуваме посветеноста на општествената одговорност, солидарноста и активното граѓанско учество.
🤝 Веруваме дека секоја позитивна промена започнува со личен пример, а заедничките активности ја покажуваат силата на соработката и заедништвото. Со мали дела и заеднички напори можеме да создадеме големи промени – за почисто Скопје и подобра иднина за сите! 💚
Благодариме на поканата од кабинетот на Градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski да бидеме дел од оваа активност.

#Љубезност #ЗаПочистоСкопје #ОпштественаОдговорност #ЗаедноМожемеПовеќе #ГрадСкопје
