♻️ Од вишок храна до 12 оброци! ❤️
Нашата соработка со GIZ North Macedonia продолжува со уште еден убав пример за солидарност и одговорно постапување со храната. И во минатото сме добивале донации од вишок храна, а овојпат, по завршувањето на нивен настан, повторно ни беше донирана храна која наместо да се фрли, доби вистинска вредност.
🥘 Од донираната храна подготвивме 12 оброци за лица на кои им е потребна поддршка. Ова е уште еден доказ дека со малку внимание, добра волја и соработка можеме истовремено да го намалиме отпадот од храна и да помогнеме некому. Голема благодарност до GIZ North Macedonia за континуираната поддршка и за покажаната општествена одговорност! 💚

#Љубезност #GIZ #ДонирањеХрана #БезОтпадОдХрана #Солидарност
