Денот на борба против сиромаштија го одбележавме со уште една акција успешно завршена. На 5те локации во Скопје заедно со Хуманитарна организација “Свети Спас” и ADRA Macedonia се собраa вкупно 2.500 килограми намирници.
Благодарност до сите граѓани кои го поддржаа настанот и кои донираа храна која е наменета за социјално загрозени лица.
Благодарност до нашите волонтери кои одвоија време да помогнат во реализација на акцијата.
Благодарност и до нашите партнери: SIEC Macedonia, Асоцијација MИСЛА – Association MISLA, Здружение СОЛЕМ / Association SOLEM и ARNO
Бевме дел од прилогот на Ја сакам Македонија каде што се опфати суштината на дводневната акција. Можете да го погледнете прилогот на следниот видео: