ВЕСТИ
Во продолжение може да проследите најновите вести на дел од активностите на здружението Љубезност, додека останатите ќе може да ги проследите и на Facebook, Twitter, Instagram, YouTube. Преку споделувањето на овие вести на вашите профили на социјалните мрежи, давате огромен придонес во работењето на Љубезност.
ЗГ Љубезност вработува!
📍 Работно место: Соработник – Координатор за дисперзирани активности ⏰ Работно време: 20 часа неделно Преку проектот ComHome, добивме можност да ги прошириме нашите активности надвор од Скопје, во соработка со две локални партнерски организации. За таа цел, бараме...
Гостување на емисијата Студио 10
Погледнете го прилогот на Телевизија 24 каде што нашиот Тони Станковски споделува за нашата повторувачка акција „Нахрани 10.000„, како и за нашите редовни активности на линкот подолу: ...
Седмичен оброк за бездомници
❤️ЗГ Љубезност оваа сабота, 26.04.2025 подели 266 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа: ❤ Направи Повеќе Do More донираа 103 оброци и 63 леба ❤ Zito Luks/Жито Лукс донираше 50 леба ❤️ Ретвитни oброк-Retweet a meal...
Санација во домот на социјално загрозено семејство
Извршени се следните интервенции: ✅ Променети се оштетени штекери со нови, со цел да се обезбеди поголема безбедност и функционалност. 🔌 ✅ Одзатнат е одводот кој претходно создаваше проблеми во протокот на вода. 🚿 ✅ Поправено е казанчето за вода кое не функционираше...
Санации за подобар секојдневен живот
Минатата недела нашиот тим спроведе неколку мали, но многу значајни интервенции во домовите на семејства низ градот: Сменети се пловаци на 2 казанчиња – тоалетите конечно функционираат Поправена чешма што капеше Вратена светлината во домовите – заменети неколку...
Посета на ново семејство
Постојано ни се пријавуваат нови семејства кои се соочуваат со тешки животни услови и имаат потреба од поддршка. Нашиот стручен тим, во кој е вклучен и социјален работницк , оди на терен за да ја увиди состојбата и да направи проценка на потребите. Овој пат посетивме...
Уште еден случај на нерегистрирано лице – успешно решен!
Внесот на лица во матичната книга на родени и добивањето извод со матичен број е долг и комплициран процес за оние кои не започнале со постапката навреме. Ситуацијата станува уште посложена кога лицето е родено во странство , или кога родителите се починати или...
Медицинска придружба
Нашиот стручен тим неодамна затекна наш краен корисник кој се наоѓаше во сериозно нарушена здравствена состојба. Со многу трпеливост, разбирање и доверба, успеавме да го убедиме да прифати медицинска помош и заедно со него се упативме кон најблиската болница . Таму,...
Санација која менува животи
Извршивме голема интервенција за самохрана мајка со две деца – семејство кое никогаш немало довод и одвод на вода во својот дом. Од самата изградба на куќата, стара стотици години , тие користеле надворешна чешма и надворешен тоалет . Секојдневно носеле вода во шишиња...
Придружба до Центар за социјална работа
Како дел од нашите редовни активности, обезбедуваме придружба на нашите крајни корисници до институции, како што е Центарот за социјална работа. Оваа поддршка е особено важна за оние кои, поради нејасни процедури или недоволно познавање на своите права, не можат...
Донација на фрижидер – мал гест, голема разлика!
Од срце благодариме на нашиот сограѓанин кој со својата хумана постапка донираше фрижидер за семејство кое до тој момент живееше без овој неопходен апарат. Со оваа донација, семејството конечно има можност да складира храна и да обезбеди подолг рок на траење на...
ComHome проект – Координативна средба со македонските партнери СОНЦЕ и РРЦ
Во рамки на ComHome проектот, беше одржана координативна средба со македонските партнери Roma Democratic Development Association Sonce и РРЦ - Ромски Ресурсен Центар | RRC - Roma Resource Center, со цел договор за следните чекори во справување со бездомништвото во...
Донација од Валтек – Велигден со полна трпеза за многу семејства
Искрена благодарност до компанијата Valtech MK и нивните хумани вработени кои постојано ни се голема поддршка. Овој пат, по повод Велигденските празници, тие донираа 115,5 килограми храна, спакувани со љубов и грижа за оние на кои им е најпотребно. Овие пакети веќе се...
Седмичен оброк за бездомници – 17.04.2025
ЗГ Љубезност овој пат во четврток, 17.04.2025 подели 281 оброк на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа: Направи Повеќе Do More донираа 98 леба ЗГ Љубезност придонесоа со 20 леба Ретвитни oброк-Retweet a meal зготвија и донираа...
Успешно завршена акција „Нахрани 10.000″
Со голема радост ве известуваме дека уште една хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ е успешно завршена! На петте локации беа собрани вкупно 1600 килограми храна и хигиенски производи, кои ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства. Од срце благодариме на сите...
Донација на инхалатори – Хуманоста на дело
Со длабока благодарност ја споделуваме оваа гест на добрина – нашата долгогодишна поддржувачка, хуман сограѓанин донираше три инхалатори за деца, наменети за децата на нашите крајни корисници кои се борат со белодробни заболувања. Овие мали, но животно важни уреди ќе...
Нахрани 10.000
На 15ти април ќе се одржи хуманитарен настан на собирање на храна и хигиенски средства на 5 локации во Скопје. Штандовте ќе бидат поставени во ВЕРО ЦЕНТАР (ЏАМБО), ТИНЕКС (Првомајска), Тинекс (Центар Лиса), ВЕРО 2 (Тафталиџе) и ТИНЕКС (Карпош 2 - Драмски). Во...
Седмичен оброк за бездомници – 12.04.2025
ЗГ Љубезност во сабота, 12.04.2025 подели 200 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа: Направи Повеќе Do More донираа 10 оброци Zito Luks/Жито Лукс донираа 50 леба Ретвитни oброк-Retweet a meal зготвија и донираа 122...