Донација на вишок храна

5 Дек 2024 | Донирање, Доставени донации

Се гордееме што имаме редовни поддржувачи како Paradise Food, кои продолжуваат да ја поддржуваат нашата мисија за помош на оние на кои им е најпотребна! 🍽️
Парадајс Фуд ни донираа вишок храна која беше претворена во оброци и веднаш доставена до нашите крајни корисници. Оваа поддршка е неверојатно важна за нашата работа и за оние што зависат од нашата помош.
❤Голема благодарност за нивната постојана доверба и вложување во заедницата! Заедно, продолжуваме да работиме на подигнување на јавната свест за важноста на донирањето храна и спречување на нејзиното фрлање.
Апелираме и на други компании и поединци да се приклучат на оваа хумана акција и да помогнеме да ја направиме разликата!