Продолжуваме со нашите активности за поддршка💚
Во нашиот центар, Дренак, нашите колешки Ивана и Жана реализираа активности насочени кон психолошка поддршка и посредување за вработување, преку разговори, советување и споделување информации за можности за вклучување на пазарот на труд.
Преку директна комуникација и поддршка, заедно создаваме побезбедна и посигурна средина за лицата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.


