Со огромно срце и несебична посветеност на 28.11.2024, пензионерите од Пензионерскиот дом Ѓорче Петров продолжуваат да бидат пример за добрина и солидарност. Овој пат, како и многупати досега, тие донираа значителни средства за помош на социјално загрозените.
Во оваа акција беа донирани:
– 10 кг облека
– 5 пара обувки
– 10 кг постелнина
– Исто така, еден од пензионерите, преку својот сервис Папилон во Ѓорче Петров, донираше 17 кг хигиенски производи – хартиени брисачи.
Овие дејства на солидарност и љубезност се не само пример за почитување, туку и вистински израз на заедничка грижа за другите. Благодарност до сите кои се вклучуваат и го прават светот подобро место! 




