Донација на храна

17 Ное 2026 | Доставени донации

❤️ Храната има вредност, а солидарноста има моќ да менува животи!

 

Благодарение на поддршката од Соборот на Христијанската адвентистичка црква (ХАЦ), Здружението „Љубезност“ доби донација од прехранбени производи кои се безбедни за консумирање и имаат соодветен рок на употреба. Наместо храната да остане неискористена, таа ќе биде насочена кон оние на кои им е најпотребна – лица и семејства кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост.

 

♻️ Со ваквите иницијативи не само што помагаме, туку придонесуваме и кон намалување на отпадот од храна, поттикнувајќи одговорно користење на ресурсите и култура на солидарност и споделување.

 

🙏 Искрена благодарност до Соборот на ХАЦ за укажаната доверба, хуманоста и општествената одговорност. Заедно покажуваме дека храната не треба да се фрла кога може да нахрани некого и да донесе надеж!

#Љубезност #ДонацијаНаХрана #Солидарност #Хуманост #БезОтпадОдХрана #ОпштественаОдговорност