Донација од Scale Focus

20 Дек 2024 | Донирање

Со голема радост ја споделуваме новата донација од Scale Focus, која продолжува со поддршка на нашите хуманитарни активности и во ова празнично време.
Компанијата донесе 283 килограми храна и 30 новогодишни пакетчиња, со што значително ја олесни ситуацијата на многу семејства кои се загрозени.
❤ Срдечно благодариме на Scale Focus и на нивните вработени за континуираната помош и вложување во доброто на нашата заедница. Нивната хуманост и празничен дух се вистинска инспирација!