Консултативна средба: Формирање регистар-инструмент за бездомништво

30 Апр 2025 | Uncategorized

На 25.04.2025, во рамки на проектот ComHome, во просториите на Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, „Љубезност“ организираше консултативна средба на тема: формирање регистар-инструмент за бездомништво🏘️со претставници од Министерство за труд и социјална политика, Завод за Социјални Дејности Скопје и ЈУМЦСР – https://www.jumcsrskopje.gov.mk/kontakt.
Целта беше да се идентификуваат постоечките предизвици и да се предложи заедничка насока за системско справување со бездомништвото. Средбата заврши со поддршка од сите присутни и иницијатива за формирање работна група. 🤝
„Љубезност“ ќе продолжи активно да придонесува во дефинирањето на нови решенија – за систем кој не остава никого зад себе. 💙