Медицинска придружба

29 Ное 2024 | Поддршка на семејства

Во рамките на нашата медицинска придружба, придружувавме лице со потешкотии во движењето за да се обезбеди нова инвалидска количка. Оваа количка е клучна за неговата мобилност и овозможува полесно и попријатно извршување на секојдневните обврски.
🔹 Со поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија, преку проектот Грижи се 2, Град Скопје, Општина Гази Баба, Општина Карпош и компанијата CMX Solutions продолжуваме да ја унапредуваме нашата работа и да обезбедиме поддршка за оние на кои им е најпотребна.
За нас, секој чекор е важен, а мобилноста е клучен фактор за подобар живот. 💙