Поврзување на социјално бројче

4 Апр 2025 | Поддршка на семејства

По одобрување на социјалното право, за кое сме го придружувале корисникот во поднесување на барањето, од центарот му даваат социјално бројче кое треба да оди да го поврзе во банката во која има сметка.
Некогаш станува збор за лице кое никогаш до тогаш немало сметка во банка, па му треба асистенција и за тоа.
Ние ги охрабруваме нашите корисници да преземат активна улога и самостојно да ги завршат потребните чекори преку давање на информации и објаснување на постапката. Сепак, ако наидат на пречки или не се сигурни во нешто, тука сме да им помогнеме.
Сепак евидентираме потребата од проактивно делување за да се излезе во пресрет на лицата кои се соочуваат со потешкотии во следењето на процедурите.
Секој граѓанин заслужува соодветно внимание и поголема помош за остварување на своите права. Ако некој има потреба од поддршка, важно е да се забележи дека организациите и институциите мораат да активираат дополнителни механизми.
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.