Поддршка на семејства преку индивидуален пристап

12 Ное 2024 | Поддршка на семејства

Минатата недела тимот кој вклучува социјален работник и психолог беше на посета на ново пријавено лице кое има потреба од помош и поддршка.
Овој месец социјалната помош на лицето не му била исплатена. Истото се релоцирало во друга општина и за тоа морал да пријави во центарот за социјална работа. Во вакви ситуации, предметот се префрла во друг центар во новата општина, што може да предизвика застој во исплатата. За ова лице, кое е неработоспособно, социјалната помош е единствениот извор на приходи.
Се трудиме да им помогнеме на овие лица во нивните најтешки моменти и да им обезбедиме поддршка што е можно побрзо. Нашата цел е да направиме разлика во животите на оние кои се соочуваат со најголеми предизвици. 💙
🔹 Во реализирање на овие активности имаме поддршка од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектите Грижи се 2 и ComHome, Град Скопје и Општина Гази Баба.