Поправки во Општина Бутел

23 Окт 2024 | Останати редовни активности

На едно семејство во општина Бутел му се пружи помош во поправање на грејните тела кои треба да им служат зимава. Кабелот на едната греалка требал да се замени со нов, за жал на втората греалка греачот и бил изгорен па немаше можност да се поправи. Во исто време за зајакнување на енергетската ефикасност обичната сијалица беше заменета со LED сијалица, намалувајќи го трошокот за електрична енергија.
Доколку имате греалка која е исправна а не ви треба или сте во можност да донирате нова ве повикуваме да не контактирате да помогнеме на семејствата кои зимава треба во студ да ја поминат. Биди хуман!
🔹 Со поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија, преку проектот ComHome, Град Скопје, Општина Гази Баба и компанијата CMX Solutions продолжуваме да ја унапредуваме нашата работа и да обезбедиме поддршка за оние на кои им е најпотребна.