Минатат недела бевме на посета на наши крајни корисници со придружба на асистентката на австриското аташе во Македонија. Таа имаше можност да се запознае со лицата на кои им помагаме и да ја увиди нивната состојбас и нашата работа поврзана со нив.
Посетивме три домаќинства кои се во ризик од бездомништво:
1. Ш. Оризари – Посетивме две стари лица, кои живеат во супстандардни услови. Куќата во која им е дозволено да престојуваат се распаѓа и е опфатена од влага. Помогнавме со ситни поправки, санација на прозор и менување на сијалица, но потребно е сериозна поправка.





2. Маџари – Тука е вдомена самохрана мајка со нејзиното дете. Мајката се соочува со здравствени проблеми кои ја прави неспособна за работа. Нивната приказна е емотивна и покажа колку е важна поддршката во тешки времиња.



3. Центар – Бевме во посета на вдомен бездомник. Оваа посета беше исклучително важна за разбирање на предизвиците со кои се соочува.




Продолжуваме да работиме на подобрување на условите за овие семејства и се надеваме дека нашата помош ќе донесе позитивни промени.
