Санација

13 Дек 2024 | Останати редовни активности

Уште една санација во домот на социјално загрозено семејство.
Извршивме успешна санација на врата која не се затвораше правилно, создавајќи луфта и дозволувајќи да навлегува ветер. Ова доведуваше до неможност за одржување на комфорна температура.
По интервенцијата, вратата сега се затвора совршено, спречувајќи ја загубата на топлина и создавајќи поудобна и топла средина.
Во исто време и се ставија LED сијалици на две сијалични места со цел создавање подобри услови за живот и заштеда на трошоци од електрична енергија.
Тука сме да помогнеме на оние кои се соочуваат со најтешки предизвици! 🏠🔧
🔹 Во реализирање на овие активности имаме поддршка од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ComHomе, Општина Карпош и компанијата CMX Solutions.