Успешно завршена акција „Нахрани 10.000″

16 Апр 2025 | Сезонски активности

Со голема радост ве известуваме дека уште една хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ е успешно завршена! 🙌 На петте локации беа собрани вкупно 1600 килограми храна и хигиенски производи, кои ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства. ❤️
Од срце благодариме на сите хумани граѓани кои несебично донираа производи или парични средства – вие сте вистински херои на заедницата! 🌟
Посебна благодарност до нашите вредни волонтери, без кои оваа акција немаше да биде возможна – меѓу нив и учениците од СУГС Гимназија ЈОСИП БРОЗ ТИТО-Скопје, NOVA International School Skopje и волонтерите од Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje. Вашата енергија, посветеност и емпатија се инспирација за сите нас. 💪
Продолжуваме заедно да градиме похумано општество! 💚