Твојата хуманост денес – нечиј покрив над глава утре
Колку пати сте минале крај бездомни лица, без да помислите како го минуваат денот, месецот, животот? Можеби ќе им помогнете финансиски, или ќе донирате храна и облека, но тоа навистина не го решава нивниот проблем.
Бездомните лица имаат многу предизвици. Покрај немањето дом и адреса, тие често не добиваат шанса за вработување токму поради овие проблеми. Без дом и адреса не можат ниту да побараат гарантирана минимална помош.
Како ние ќе помогнеме?
Преку изградба на центар за бездомници и други лица во социјален ризик во населба која е во близина на централното подрачје на Скопје, каде концентрацијата на бездомници е најголема.
Ќе купиме, закупиме или добиеме на користење простор од околу 800 м2 со добар пристап до уличната мрежа на градот.
Планираме вкупниот број на корисници да биде 100 лица годишно, од кои 50 жени и 50 мажи.
Како да ни помогнеш?
Преку донации за нашиот проект на платформата opop.mk (https://rb.gy/tzu15n)
Преку следење и споделување на нашата мисија на социјалните мрежи
Преку зборување за овој проблем со своите пријатели, семејство и колеги (така се поткрева свеста)