Донација на лекови од инстаграм и фејсбук поддржувачи

24 Ное 2021 | Останати редовни активности

Потребата за лекови и неможноста на голем број наши крајни корисници да си ги обезбедат е многу голема. Овој пат, се понудија неколку сограѓани (кои ги следат нашите активности на социјалните мрежи) да помогнат со донирање на лекарства, кои веднаш беа поделени на социјално загрозените лица.

Голема благодарност до сите граѓани кои донираа лекови, ова е од голема значајност за ранливите категории кои не можат да си ги дозволат соодветните лекарства.