Потпишyвање на протокол за соработка

7 Авг 2024 | Соработки

Минатава седмица се сретнавме со РРЦ – Ромски Ресурсен Центар | RRC – Roma Resource Center и Roma Democratic Development Association Sonce , за да потпишеме Протокол за соработка за помош на сиромашните ромски семејства.
Голем број на ромски семејства живеат под прагот на сиромаштија во земјата. Тие немаат пристап до вода или струја и често живеат во импровизирани домови нелегално изградени. Нивните животни услови се катастрофални, а тие немаат финансиски средства за да живеат подобро. Затоа сме посветени на мисијата да им помогнеме најдобро што можеме.
Благодарение на овој договор, ќе работиме во соработка со другите здруженија, за да обезбедиме пристојни и легални живеалишта со пристап до вода и струја за сиромашните ромски семејства.