Од срце благодариме на нашиот сограѓанин кој со својата хумана постапка донираше фрижидер за семејство кое до тој момент живееше без овој неопходен апарат.

Со оваа донација, семејството конечно има можност да складира храна и да обезбеди подолг рок на траење на прехранбените производи – нешто што за многумина е секојдневие, но за нив беше луксуз.


Ваквите дела покажуваат дека хуманоста сè уште живее меѓу нас, и дека секој од нас може да направи промена во нечиј живот.