Седмичен оброк – Петок, 03.10.2026
И оваа седмица продолживме со распределба на оброци и леб за лица и семејства на кои ваквата поддршка им е значајна. Со заедничка поддршка беа обезбедени вкупно 180 оброци и 100 леба:
👉 Ретвитни oброк-Retweet a meal – 130 оброци
👉 #Љубезност – 50 оброци
👉 Zito Luks/Жито Лукс – 50 леба
👉 @Тиана – 50 леба
Благодарност до сите донатори, поддржувачи и волонтери кои се дел од оваа континуирана активност и придонесуваат таа да се реализира редовно. 💖
♻️ За нас, секоја акција подразбира и одговорен однос кон просторот што го користиме. Затоа, по делењето, нашите волонтери се грижат непосредната околина да остане чиста, при што се собираат и отпадоци кои не се поврзани директно со самата активност.
Солидарноста ја гледаме како грижа и за луѓето и за заедничкиот простор во кој сите живееме. ❤️ 




