Гостување на Канал 5

17 Ное 2026 | Останати редовни активности

🎥❤️ КАМЕРАТА НА КАНАЛ 5 ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА „ДРЕНАК“!

 

Деновиве, екипа на телевизија Канал 5 го посети Центарот за социјална инклузија „Дренак“, каде што сними прилог посветен на работилниците и активностите за социјално вклучување, стекнување нови вештини и личен развој на нашите корисници. За работата на Центарот, неговата улога и разновидните работилници говореше Маргита Стојановиќ, координатор на Центарот „Дренак“.

 

🧶 Посебно внимание беше посветено на работилницата за хеклање и плетење, за која говореше нашата волонтерка Лавинија Волнаровска, која со својата посветеност придонесува учесниците да развиваат креативност, практични вештини, самодоверба и чувство на припадност.

 

🤝 Центарот за социјална инклузија „Дренак“ е отворен со поддршка на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите на Република Австрија, во рамките на проектот ComHome. Преку неговите активности продолжуваме да создаваме простор за учење, дружење, поддршка и нови можности за лицата во социјален ризик.

 

❤️ Благодарност до Канал 5 за интересот и можноста нашата работа и позитивните приказни од „Дренак“ да допрат до пошироката јавност!

#Љубезност #ЦентарДренак #Канал5 #ComHome #СоцијалнаИнклузија #Волонтерство #КреативниРаботилници