Продолжуваме да им помагаме на нашите крајните корисници. Вчера (18.11), беа посетени 10 социјално загрозени семејства во Бутел, Аеродром, Чаир и Центар, на кои им беа доставени вкупно:
70 кг храна
21 кг средства за хигиена
28 кг облека
5.75 кг играчки
6 пара обувки
10 кг садови
10.65 кг постелнина
Овие активности се целосно поддржани од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ, исто така имаме поддршка и од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions. Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.