Во понеделникот нашето здружение имаше можност да помогне на наш клиент кој имаше потреба од медицинска придружба. Таа беше земена од нејзиниот дом со наше возило и однесена до клиничкиот центар на одделот ортопедија.
Од клиничкиот центар се упативме право во MedikaPro и сме им благодарни за големата поддршшка и соработка како и многу други наши клиенти и за овој клиент веднаш не услужија.Нашиот клиент од таму го вративме задоволен во својот дом.
Овие активности се целосно поддржани од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ, исто така имаме поддршка и од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions. Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.