Медицинската сестра од тимот на Љубезност, придружуваше наши крајни клиенти до здравствените институции каде што некои социјално загрозени граѓани имаа потреба. Исто така, беа дадени лекарства – донирани од хуманите граѓани, онаму каде што беа најпотребни.
Искажуваме голема благодарност до граѓаните кои донираат лекови бидејќи се од голема помош за ранливите категории кои не можат да си ги дозволат.
Овие активности се целосно поддржани од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ, исто така имаме поддршка и од компаниите Power View, CMX Solutions и Furious Avocado. Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.