Не секогаш може да се покријат сите потреби и да се обезбедат соодветни донации за нашите крајни корисници. Но, се трудиме максимално да обезбедиме што може повеќе со цел да им овозможиме основни услови за живот.
Во тој правец, во петокот, 25.10.2024, на едно семејство од Бутел му беше однесена донација од 9 килограми храна и душек за спиење. Со тоа можат да се задоволат едни од најосновните животни потреби, храна и сон. Ова беше возможно поради ваша донација.
Продолжете да бидете хумани!

