Работилница за мајки со психолог

22 Јул 2026 | Останати редовни активности, Поддршка на семејства

Мајка денес, иднина утре. Дете денес, човек утре

 

Понекогаш најголемите промени започнуваат со еден разговор, една игра, една прегратка.

 

На работилницата одржана на 02 јули во Центарот за социјална инклузија Дренак, мајките имаа можност да застанат за миг, да се свртат кон себе и да ги препознаат сопствените потреби. Преку споделување, размислување и меѓусебна поддршка, секоја од нив замина со свој мал, но важен чекор што ќе го направи уште денес.

 

Истовремено со работилницата за мајките, дел од децата учествуваа во „Театар на чувствата“ каде учеа да ги препознаваат и изразуваат радоста, тагата, лутината и стравот. Секое чувство е важно и заслужува да биде препознаено.

 

Најмалите деца пак, имаа свој посебен простор за игра и дружење. Со многу внимание, трпение и топлина, нашите волонтерки Лавинија и Тијана се погрижија тие да поминат квалитетно време исполнето со игра, смеа и забава.

 

Кога ја поддржуваме мајката, го поддржуваме и детето. А кога на децата им создаваме простор да растат, да се изразуваат и да се чувствуваат безбедно, вложуваме во нивната посреќна иднина.

 

Овие активности не би биле можни без сесрдната поддршка на нашите донатори и хумани луѓе. Да помагаме таму каде што е најпотребно. Малите дела на добрина создаваат големи промени во животите на луѓето.