На 25 јуни во просториите на Центарот за социјална инклузија Дренак се одржа работилница на тема „Развој на работни навики и здрава дневна рутина“ на која учествуваа 12 корисници на услугите на Љубезност.
За време на работилницата окупациониот терапевт разговараше со корисниците за тоа што значи да се биде добар работник, зошто се важни навременото одење на работа, одговорноста и дисциплината, како да се почитуваат работните упатствата од работодавачот како и значењето на добрата комуникација и соработката со колегите. Посебно внимание беше посветено на влијанието на сонот, одморот и секојдневните навики врз енергијата, концентрацијата и работната успешност.
Преку практични примери и дискусија, учесниците ги анализираа и споделија своите секојдневни навики, размислуваа за начини на подобра организација на денот и дефинираа мал чекор што ќе го применат за подобрување на својата рутина и работни навики.
Целта на работилницата беше да се поттикне развојот на позитивни работни навики, одговорен однос кон работата и воспоставување здрава дневна рутина како важни предуслови за поголема вработливост и успешно функционирање во работната средина.
Продолжуваме да ги поддржуваме нашите корисници во развојот на вештини и навики кои ќе им помогнат полесно да се вклучат на пазарот на трудот и да изградат посигурна иднина.
🫂💪❤️



