Медицинска Придружба

11 Ное 2024 | Поддршка на семејства

Чест проблем за социјално загрозените лица со здравствени проблеми е добивање на квалитетни здравствени услуги.
Нашиот тим, воден од медицинска сестра, ги придружува луѓето кои не можат да пристапат до здравствени услуги поради финансиски или други бариери.
Целта е да им обезбедиме еднаква здравствена грижа и поддршка, за да стигнат до потребните лекари и третмани.
🔹 Во реализирање на овие активности имаме поддршка од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот Грижи се 2, Град Скопје, Општина Гази Баба и компанијата CMX Solutions.