Посета на нови семејства

6 Мар 2025 | Поддршка на семејства

Нашата организација редовно прима пријави од семејства и поединци кои имаат потреба од помош. 🤝 Во таквите случаи, нашиот стручен тим, составен од социјален работник, правник и психолог, ги посетува семејствата во нивните домови. Целта на овие посети е да се процени состојбата и потребите на семејството или индивидуата, по што заедно се договараат следните чекори за подобрување на нивната ситуација. 📋✨
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.