Презентација во СУГС Гимназија Никола Карев – Скопје

12 Дек 2024 | Останати редовни активности

Минатата недела имавме уникатна прилика да се поврземе со учениците од СУГС гимназија ,,Никола Карев“ – Скопје и да ги запознаеме со мисијата на здружението „Љубезност“. Беше неверојатно да се види нивната позитивна енергија и интерес за тоа како младите можат да создадат промени преку волонтирање и иницијативи што влијаат на заедницата.
Нашата цел беше да им покажеме на учениците дека секој може да биде дел од решението и дека секоја мала акција може да има големо влијание. Ги охрабривме да се вклучат во активностите на различни организации и да создадат свои идеи што ќе придонесат за подобрување на нивната околина.
Им благодариме на учениците и наставничката Elvira Mustafa за топлото гостопримство и за мотивирачката атмосфера!
Ние веруваме во моќта на младите и заедно можеме да направиме разлика! ✨