Имавме одлична средба со активните членки на Универзитет Трето доба, на која им ги презентиравме активностите на нашето здружение, како и потребата од волонтери во овие активности и нивната голема важност.

Без разлика во која животна фаза се наоѓате, волонтирањето за повисока цел секогаш носи благодет.
Среќни сме што имавме многу волонтери од оваа група и се надеваме дека ќе продолжат да останат активни и да ги продолжат своите животи со значајни и исполнети активности.

Вашето учество е од непроценлива вредност, и благодарни сме на секој волонтер кој ја дава својата енергија и време за нашата мисија! 
