Седмичен оброк за бездомници – 03.05.2025

6 Мај 2025 | Седмичен оброк

ЗГ Љубезност оваа сабота, 03.05.2025 подели 246 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
 
Направи Повеќе Do More донираа 40 оброци и 50 леба
Zito Luks/Жито Лукс донираше 50 леба
❤️ Ретвитни oброк-Retweet a meal зготвија и донираа 123 оброци со салата
❤️ LL Catering / ЛЛ Кетеринг донираа 83 оброка
❤️ Пекара Мар Деј донираше 90 пецива
 
❤️Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions.