Седмичен оброк за бездомници – 07.12.2024

7 Дек 2024 | Седмичен оброк

❤️ЗГ Љубезност во сабота, 07.12.2024 подели 341 оброк на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
❤️Zito Luks/Жито Лукс, како и секое делење, донираше 200 леба
❤️Ретвитни oброк-Retweet a meal зготви и донираше 102 оброци
❤️Sunilens Dooel донираше 30 оброци и 30 благи
❤️Sri Sathya Sai Uvacha – Божествена љубов, како и многу пати до сега се приклучија во активностите. Овој пат донираа 109 оброци
❤LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food повторно зготви и донираше 100 оброци топло гравче, директно од тенџерето до корисниците. Тие ни се голема поддршка во активностите
❤️Благодарност и до волонтерите на делењето, кои одвоија дел од своето време да помогнат на оние кои немаат. Оваа сабота волонтираа ученичка од Gimnazija Nikola Karev и вработените од LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food.
❤️Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions