Седмичен оброк за бездомници – 18.01.2025

18 Јан 2025 | Седмичен оброк

❤️ЗГ Љубезност во сабота, 18.01.2025 подели 216 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
❤ Направи Повеќе Do More донираат 150 парчиња леб
❤️ Здружение ЕДЕН СВЕТ ЕДНО СЕМЕЈСТВО (Sri Sathya Sai Uvacha – Божествена љубов) донираше 206 оброци
❤️ Тетка Марика донираше 10 оброци со салати
❤️ Фоколарите направија и донираа 290 колачиња, како и помогнаа во делењето на оброците
❤️Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions.
Овојпат повторно имавме поддршка од NOVA International School Skopje, каде што шест ученици беа активни волонтери во реализирање на овој настан.