ТЕГЛА+

6 Дек 2024 | Сезонски активности

👉Се ближи третото издание на Тегла+, овој пат во празнично издание, каде што покрај храна и хигиенски средства ќе собираме и новогодишни пакетчиња за дечињата од социјално загрозени семејства.
Ќе се одржи на 10ти и 11ти декември на 3 локации во Скопје: ТИНЕКС (Првомајска), ВЕРО ЏАМБО и ВЕРО 2 (Тафталиџе).
Ги повикуваме сите хумани граѓани да ги посетат нашите штандови и да донираат храна, која ќе биде наменета за бездомниците и социјално загрозените лица.
Вашата помош е од големо значење!
Препорачуваме донации на храна која не е лесно расиплива, како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Помогни некому, донирај!